Семејното насилство зема замав: Пријавени два случаја во Скопје

од Stefanija Kuzmanovska
322 прегледи

Две жени биле физички нападнати од страна на нивните сопрузи, било пријавено во текот на вчерашниот ден.

Како што информира МВР, во СВР Скопје, вчера во 02.00 часот, 74 – годишна жена пријавила дека на 6 август во дом за стари лица на подрачјето на Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.Н..

Во СВР Скопје, 41-годишна жена вчера пријавила дека на 02.08.2023 во домот на подрачјето на Карпош нејзиниот сопруг М.Д. (61) физички ја нападнал и ѝ се заканил со остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Слични содржини