
Семејства чии членови починаа од ефектите на коронавирусот денес побараа независна јавна истрага за начинот на кој британската влада се бореше со коронавирусот.
Едно од лицата чиј татко починал за време на пандемијата и кој е член на групата „Ожалостени семејства за правда“, изјавил за Би-Би-Си дека смртта на неговиот татко можела да биде спречена „ако работите биле решени на поинаков начин“.
„Татко ми беше само 56 години и тој замина премногу рано“, вели тој.
Групата од 450 члена пишала на британскиот премиер Борис Џонсон и секретарот за здравство Мет Хенкок барајќи истрага.
Адвокатот на групата вели дека е потребна истрага што е можно поскоро, бидејќи кризата сè уште трае.
Тој додава дека „во овој случај, ако помине долго време, ќе се изгубат уште повеќе животи“.