33
Семејствата на загинатите од трагедијата во Кочани денеска организираат протест под мотото „задоцнета реакција“.
На протестот семејствата на жртвите ја повикаа целата држава, да ја сподели нивната болка и заедно да побараме правда за 62 прерано одземени животи.
Ова не е прв протест во Кочани по трагедијата која се случи на 16 март, а во која животот до овој момент го загубија 62 лица.
Повеќе од 200 лица беа повредени, над 50 од нив се уште се лекуваат на клиниките надвор од земјава.