Семејствата на жртвите на клановите во Србија ја чекаат вистината

од Stefanija Kuzmanovska

Мајките на исчезнатиот Горан Михајловиќ и убиениот Александар Халабрин бараат од полицијата и судските органи да ги расветлат случаите на нивните синови, пренесува „Радио Слободна Европа“.

Се сомнева дека нивните деца се жртви на кланската војна во Србија, а медиумите ја поврзуваат групата чиј наводен шеф е Вељко Беливук со исчезнувањето на Михајловиќ и убиството на Халабрин.

Групата, уапсена во февруари 2021 година, е осомничена за убиства, киднапирања и трговија со дрога.

Додека чека да биде покренато обвинение против него, Беливук наводно изјавил дека соработувал со Српската напредна партија на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, што претседателот на Србија го негира.

Слични содржини