Семејство бара помош: Втор ден се трага по 83-годишник од тетовско Фалише

-Доколку го забележите да се јавите во полиција на 192 или бројот за итни случаи 112 или на 077/993-984, објавија од неговото семејство

од Nikola Popovski
12 прегледи

Полицијата веќе втор ден трага по исчезнатиот 83-годишен Ѓорѓе Серафимовски од тетовско. Тој вчера излегол од својот дом во Фалише во 10 часот наутро, со намера да оди кон Тетово, но оттогаш семејството не може да го најде.

Бил облечен со блуза со крагни и со пруги, плави кратки панталони и со шапка на глава со крем боја.

-Доколку го забележите да се јавите во полиција на 192 или бројот за итни случаи 112 или кај семејството на 077/993-984, објавија од неговото семејство.