Семејството Чифлиганец и Новак Ѓоковиќ со хумана акција: Отворија градинка во Србија

од Nikola Popovski

Неизмерни се среќата и задоволството што го реализиравме нашиот прв општествено одговорен проект во соседна Србија. Ја продолжуваме нашата 20 годишна длабоко врежана филантропска корпоративна филозофија секогаш да даваме нешто назад во средините во кои имаме деловни активности, објавија од фондацијата „проф.д-р Ванчо Чифлиганец“ и Адора Бизис Групацијата, кои заедно со фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ отвориле нова градинка во село Љубиш, во близина на Златибор и покажале дека хуманоста нема граници.

Од Адора соопштуваат дека ова е 46та изградена градинка како дел од проектот на глобалната фондација на Ѓоковиќ за развој на предшколското образование во помалите места низ Србија, и со тоа поттикнување на жителите да продолжат да живеат во истите.

„Преку нашата фирма претставничка на градежниот пазар во Србија Adora Living Solutions и фамилијарната фондација проф. др. Ванчо Чифлиганец се вклучивме како главни партнери во проектот“, велат од Адора.

Со соработката со Фондацијата Новак Ѓоковиќ, Адора Бизнис Групацијата и Фондацијата проф.д-р Ванчо Чифлиганец ја продолжуваат општествено корпоративната традиција секогаш да враќаат нешто назад во средините во кои имаат деловни активности. Адора како растеше во изминативе 20 години постојано инвестираше во градењето на подобро општество за сите, вложувајќи повеќе од 5 милиони евра во спортот, здравството, културата, образованието.

Слични содржини