Попладнево семејството на исчезнатиот Ердон Рамадани го идентификува неговото безживотно тело, извлечено утрво од реката Вардар кај општина Желино. Станува збор за 22-годишниот кумановец кој излета со возилото минатата недела.
-По наоѓање на телото, извршена е идентификација од најблиските членови на семејството на Е.Р. . Извршен е преглед од лекар од Судска медицина, додека Јавен обвинител наредил обдукција на телото, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Според полицијата, службеници од СВР Тетово гo нашле телото.
Во вторникот околу 11 часот и 30 минути во тетовската полиција беше пријавено дека патничко возило излетало од коловозот на мостот во тетовско Желино и паднало во водите на реката Вардар. Изминативе денови претставници на повеќе институции учествуваа во потрагата по младиот кумановец, а беа вклучени нуркачи и кучиња трагачи.