Семејството Ѓоковиќ: Новак е слободен и тренираше

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Семејството на Новак Ѓоковиќ потврди дека тој се чувствува добро и дека веќе тренирал, како и дека се подготвува за учество на Австралија опен, бидејќи судот ја поништил одлуката за укинување на неговата виза за престој во Австралија.

Новак Ѓоковиќ во текот на денот доби правна битка против австралиската влада. Судот ја поништи одлуката за укинување на неговата виза, а сега не е сигурно што ќе направи државата бидејќи може повторно да му ја одземе слободата на Новак и да го депортира. Прашање е дали сега тоа ќе го направи државата.

Ѓоковиќ по судењето ја напушти адвокатската канцеларија и, како што беше речено, веќе е на тренинг.

„Правдата победи“, кратко изјави Срѓан Ѓоковиќ.

„Направивме се што е во наша моќ за да ги почитуваме сите протоколи. Би сакале да му се заблагодариме на правниот систем на Австралија и на судијата Кели, кој водеше сè многу неутрално. Тој го виде секој факт“, рече Ѓорѓе Ѓоковиќ.

Потоа откри што прави Новак во моментов.

„Новак е слободен, беше на терен и тренираше. Замина во Австралија да игра тенис. Отиде да го освои Австралија опен и да постави уште еден рекорд. Ја донесе целата потребна документација и доби ослободување со кое отиде во Австралија. Тој е прво и основно спортист, игра тенис и е најдобар тенисер на сите времиња. Отсекогаш се залагал за слобода на избор и ништо повеќе“, додаде Ѓорѓе.

Дијана Ѓоковиќ изјави дека семејството во одредени моменти не знаело што се случува со Новак.

„Не знаевме дали е јаден и што прави, а секоја мајка ќе разбере колку ми беше тешко. Сите сакавме да укажеме што е неправда. Фала богу што има правда на оваа планета. Ова е негово најголема победа за мене во кариерата, поголема од сите Гренс слемови“, изјави мајката на Новак, Дијана Ѓоковиќ.

Слични содржини