Семејството Ѓоковиќ: Разочарани сме, не одлучуваше спортот, туку политиката и интересите

од Vladimir Zorba
333 прегледи

НОВАК ЃОКОВИЌ го напушти Мелбурн и замина за Дубаи по одлуката на австралиските власти да му ја укинат визата и да учествува на Австралија опен каде требаше да ја брани титулата. Затоа семејството на најдобриот тенисер во светот излезе со официјално соопштение кое го пренесуваме во целост.

„Многу сме разочарани од одлуката на Федералниот суд и фактот дека Новак мора да ја напушти Австралија. Не еа во прашање само спортот и играњето на првиот Гренд слем сезонава, на кој Новак доминира цела деценија, туку и политиката и интересите, кои во овој случај преовладаа…

И покрај скандалозното однесување кон Новак, верувавме дека спортот ќе победи. Верувавме дека ќе се почитува фактот што го потврди судот – дека Новак ја има вистинската виза, дека правдата ќе биде задоволена и дека ниту еден „јавен интерес“ нема да биде изговор за донесената одлука.

Ова се тешки времиња, особено за Новак, но она што треба да го направиме сите, пред се како негово семејство, е да го поддржиме повеќе од кога било досега. Ќе бидеме таму да ги споделиме ударите што ги доби, да му помогнеме да си ја врати енергијата, вербата во овој спорт, пред се во фер-плејот, кој овде целосно отсуствуваше.

Горди сме на него и на силата што ја покажа во борбата што достојно ја водеше. Веруваме дека од оваа ситуација ќе излезе посилен и дека времето ќе го покаже она што досега секогаш несомнено го потврдувал, а тоа е дека е голем шампион и човек“, се вели во соопштението.

Слични содржини