Семејството Гучи се заканува со тужба за прикажување на Патриша како жртва во филмот

од Vladimir Zorba
350 прегледи

Наследниците на италијанската модна куќа Гучи им се заканија на продуцентите на филмот „Куќата на Гучи“ со тужба поради начинот на кој го прикажуваат семејството зад познатиот бренд, особено поради ликот на Патриша Реџани – „Црната вдовица“, како жртва.

Наследниците на долгогодишниот претседател на компанијата, Алдо Гучи, кој го игра Ал Пачино, веруваат дека „продуцентите на филмот не се потрудиле да се консултираат со нив пред да ги прикажат членовите на семејството Гучи како неуки насилници, нечувствителни на светот околу нив“, пишува „Variety“.

„Ова е крајно болно од човечка гледна точка и го навредува наследството врз кое е изграден денешниот бренд“, се вели во соопштението објавено од „АНСА“.

Филмот, чија премиера беше прикажана во кината на 24 ноември, ја следи приказната за Патриша Реџани (ја игра Лејди Гага), која помина 16 години во затвор за заговор за атентат на нејзиниот поранешен сопруг и поранешен директор на модна компанија, Маурицио Гучи (го игра Адам Драјвер).

Наследниците на компанијата се особено навредени од прикажувањето на Патриша како жртва, и покрај фактот што таа беше „осудена за поттикнување на убиството на Маурицио“. Локалните медиуми и го дадоа прекарот „Црна вдовица“.

Во соопштението, меѓу другото, се вели дека семејството не го прифаќа начинот на кој „Патриција Реџиани е прикажана како жртва која се обидела да преживее во машка шовинистичка корпоративна култура“.

Минатата недела, филмскиот режисер Ридли Скот реагираше на критиките од Патриша Реџани, која го обвини дека „го украл идентитетот на семејството за да оствари профит и да ги зголеми приходите за холивудскиот систем“.

„Јас не го правам тоа“, изјави Скот за радио Би-Би-Си на 22 ноември. „Треба да знаете и да запомните дека еден Гучи беше убиен, а друг член на тоа семејство заврши во затвор поради затајување данок, така што не можете да зборувате со мене за профит и зголемување на приходите. Штом го направите тоа, станувате дел од јавниот домен“.

Филмот е заснован на романот „The House of Gucci: A Sensational Story of Murder, Madness, Glamour, and Greed“ од 2001 година, напишан од Сара Геј Форден.

Слични содржини