Семејството Ковачевски со голема донација во ЈЗУ Клиничка Болница Битола (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Семејството Ковачевски од Битола денес со голема донација во ЈЗУ Клиничка Болница Битола.

Со неа целосно се реновирани машкиот оддел на хирургија и тоа целосна санитарија, водовод, целосна опрема на сите болнички соби, средување на ѕидовите, нови душеци, TВ, постелнина, реновирана е и работната соба, гардеробите за вработените, ходниците.

„Голема благодарност од името на сите пациенти за подобрените услови за престој на хирушкото одделение како и благодарност од сите вработени за подобри услови за работа“, велат во соопштението од Болницата.

Менаџерскиот тим при ЈЗУ Клиничка Болница Битола раководена од директорот Др.Зоран Лазаров на семејството Ковачевски им додели Благодарница. Тој искажа голема восхит што едно битолско ценето семејство се вложило за битолчани.

„Се надеваме дека по примерот на семејството Ковачевски за Битола ќе се одважат и други семејства кои можат и сакаат да бидат хумани. ОД БИТОЛЧАНИ ЗА БИТОЛА. Да и го вратиме сјајот на клиниката нашата гордост на градот и пошироко бидејќи сите сме потенцијални пациенти. Уште еднаш голема благодарност до семејството Ковачевски за оваа хуманитарна мисија“, се додава во соопштението.

Слични содржини