Се чини дека тензиите во семејството Спирс по долго време се намалуваат. Мајката на Бритни, Лин Спирс дојде да го прослави 42-от роденден на својата позната ќерка, организиран од менаџерот Кејд Хадсон.
Менаџерот објави фотографија на која мама Лин, Бритни и нејзиниот брат Брајан изгледаат како среќно семејство.
„Сите прават многу мали чекори. Сите околу Бритни се многу внимателни да не ги уништат шансите за помирување“, рекол извор близок до пејачката.
Бритни неодамна навести дека вратата е отворена за помирување.
„Мојата слатка мајка се појави на мојот праг вчера по три години. Помина толку долго, со семејството секогаш има работи што треба да се решат, но времето ги лекува сите рани“, напиша таа во мај.
Сепак, се чини дека не планира повторно да се види со својот татко во скоро време. Имено, Џејми Спирс неодамна заврши во болница поради тешка инфекција, поради што мораше да му биде ампутирана ногата. Бритни не го побарала.
„Бритни е на пат кон лекување, но помирувањето со Џејми не е во план“, открил извор близок до поп ѕвездата за Page Six.