Семејството на Тупак започна истрага: Пи Диди платил милион долари за неговото убиство?

од Nikola Popovski
297 прегледи

Во тужбите против Пи Диди ќе се придружи и семејството на раперот Тупак Шакур. Раперот Шон Диди Комбс, попознат како Паф Деди или Пи Диди, е обвинет за сексуален напад, силување и бројни други злосторства. Тој веќе извесно време е во притвор во Бруклин, од каде трипати барал да биде ослободен за да се брани од слобода со кауција од 50 милиони долари, но секој пат бил одбиен.

Секојдневно пристигнуваат нови тужби и одвратни признанија за наводните злоупотреби кои се случиле врз раперот, а сега ќе реагира и семејството на убиениот рапер Тупак Шакур.

Семејството на починатиот рапер го ангажирало познатиот адвокат Алекс Спир да ја истражи поврзаноста меѓу смртта на Тупак и Пи Диди, пренесува „Билборд“.

Шакур беше убиен кога имаше 25 години. Тој загина како резултат на пукањето што се случи во септември 1996 година. Минатата година, по речиси 30 години, за неговото убиство беше уапсен Дуан „Киф Д“ Дејвис. Тој беше осуден за убиство со смртоносно оружје и тврди дека Диди платил милион долари за да го убие Шакур.

Во 2008 година, раперот негираше дека е поврзан со убиството на Тупак. „Таа приказна е лага. Тоа е целосно смешно и невистинито. Ниту Notorious B.I.G, ниту јас знаеме ништо за нападот пред да се случи, за време или откако се случи“, рече тогаш тој.

Комбс моментално е во притвор откако неколку луѓе веќе го обвинија за сексуален напад и силување. Претходно оваа недела, адвокатот Тони Базби изјави дека застапува повеќе од 120 жртви на раперот, од кои некои биле малолетни во времето на нападот, кои сега планираат да поднесат тужби против раперот. По неговата изјава на прес-конференцијата, тој вели дека добил повеќе од 12.000 повици во еден ден, многумина со слични поплаки за Комбс. Адвокатот рече дека повеќе од 100 луѓе работат на случајот.

Поминаа 28 години од убиството на Тупак Шакур. Осомничениот за тоа убиство, Дуан „Киф Д“ Дејвис, минатиот ноември се изјасни за невин, односно дека не учествувал во организирањето на пукањето во близина на Лас Вегас во 1996 година, што довело до трагичен исход. Од каде Шон Комбс во таа приказна, која е поврзана со смртта на уште еден познат рапер, Биги Смолс?

Паф Диди од Њујорк и Тупак Шакур од Лос Анџелес беа лути ривали во судирот на рапери од источниот брег и раперите од западниот брег. По убиството, повеќе извори тврдеа дека Комбс стои зад трагичниот настан. Поранешен детектив од ЛАПД во 2016 година изјави дека Паф Диди е одговорен за најмувањето на убиецот. Кристофер Џорџ Латор Валас, попознат како Биги Смолс, бил убиен шест месеци по смртта на Тупак како одмазда, изјавил пензионираниот детектив Грег Кејдинг, кој ја водел истрагата за пукотниците.

Кејдинг во документарецот за мистериозното убиство тврдел дека Паф Диди го ангажирал Дуан „Киф Д“ Дејвис за 1 милион долари за да ги убие Тупак и неговиот менаџер Суге Марион Хај Најт. Но, ноќта на фаталното пукање на 7 септември 1996 година, братучедот на Дејвис, Орландо Бејби Лејн Андерсон всушност бил тој што го убил 25-годишниот рапер, тврди поранешниот полицаец. Менаџерот успеал да побегне без повреди.

Документарниот филм „Murder Rap“ содржи интервју со Киф Ди од 2008 година во кое тој тврди дека го слушнал Диди како во просторија полна со членови на бандата Крипс изјавил дека би дал сè за главите на Тупак и Најт. Во интервју за полицијата, тој открил дека раперот подоцна му пришол и му понудил 1 милион долари за да ги убие раперот и менаџерот. Поранешниот детектив рече дека успеал да извлече информации од Киф, кој на тој начин избегнал построга казна за друго кривично дело.

Слични содржини