Семејството Шумахер бара казна за колегата на Мик: „Она што тој го прави е опасно по живот“

од Stefanija Kuzmanovska

„Што по ѓаволите правиш? Сериозно! Сакаш да нè убиеш?“

Ова се зборовите на Мик Шумахер на последното на Гран при на Азербејџан, откако се обиде да го заобиколи клупскиот колега од Хас, Никита Мазепин.

Мик Шумахер беше во претекнување, кога рускиот возач направи опасен „цик-цак“ маневар, поради што синот на Михаел за малку ќе удреше во ѕидот.

Два дена подоцна, се појави уште еден познат член на семејството Шумахер – чичко Ралф.

„Она што го стори Мазепин е неприфатливо. Брзината е над 300 км на час, тоа е смртоносна брзина. Мазепин заслужува казна, тој ги стави себе си и Мик во опасност. Надвор од патеката и автомобилот, тој е одличен млад човек, но кога трката започнува, целосно се менува. Опасен е. Треба итно да се стави во ред”, рече Ралф.

Слични содржини