Семејството Тодоровиќ влегува во бизнисот со приватни болници?

од Vladimir Zorba
994 прегледи

Поранешниот градоначалник на Центар и сопственик на „Тинекс“ маркетите, Владимир Тодоровиќ, и неговото семејство влегуваат во бизнисот со приватни болници, дознава „Локално“ од свои извори.

Болницата во моментов е во изградба а се наоѓа во близина на сегашен „Бриколаж“ во општината Гази Баба.

До објавување на материјалот од тимот на „Тинекс“ не ни одговорија на прашањата дали се точни нашите информации дека инвестираат во приватна болница.

Тодоровиќ веќе ги почувствува поволностите што ги донесоа новите измени на Кривичниот законик.

Тој беше осомничен во истрагата „Феникс“ дека ја злоупотребил службената положба и овластување за проектот „Скопје 2014“.

По предлог на обвинителот, судот му го укина домашниот притвор.

Причината за тоа е што делото за кое беше осомничен, според овие измени што стапија во сила на 15 септември, му застарува годинава.

Истрагата за него сѐ уште не е запрена, но, според најновите законски измени, извесно е дека тоа ќе се случи, бидејќи дејствијата ги сторил до 2013, па наместо во 2043, делото целосно му застарува годинава.

В.З.

Слични содржини