232
Двесте пакети со прехранбени продукти денес донираше семејството Заеви во општина Босилово. Донацијата беше примена од страна на Општинскиот кризен штаб и преку него ќе биде поделена на социјално загрозени семејства.
-Како општина Босилово и кризен штаб ја примивме помошта и потоа врз основа на списоците од Центарот за социјална работа ќе ја поделиме на граѓани на кои им е навистина потребна во моментот и им е најнеопходна, информираше градоначалникот и командант на Општинскиот кризен штаб на Босилово, Зоран Зимбаков.
Во изминатиот период семејството Заеви донираше пакети со прехранбени продукти и во други општини и на хуманитарни здруженија, а највија дека донациите ќе продолжат и во наредниот период.