Семјуел Л. Џексон за Трамп: Невозможно е овој с*рко да се крие во подрум!

од Vladimir Zorba

Американскиот актер и филмски продуцент Семјуел Л. Џексон (71) остро го критикуваше претседателот на Соединетите држави Доналд Трамп (73), откако Трамп беше обвинет дека се криел во бункер за време на протестите што во моментот се одвиваат во Америка поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Демонстрациите наречени „црните животи се важни“ го зафатија светот поради убиството на Флојд (46), кој почина откако беше задушен од полицаец за време на апсење, откако 9 минути со коленото го притискал за вратот, а Џорџ не можел да дише

После тоа, започнаа да кружат гласини дека Трамп се криел во бункер под Белата куќа поради опасните демонстрации.

Целата ситуација беше свртена против Трамп, а Семјуел реагираше бурно: „Невозможно е овој с*рко да се скрие во подрум!“

– Дали ни е воведен полициски час? Значи тој им објави војна на сите? Ова не е 1.807 година. Мислам дека разни с*ања ќе се случат на улиците – додаде тој.

Трамп деновиве напиша на Твитер пораки, како што се: „Сила“, „Ред и мир“, сите во време кога се случуваат огромни демонстрации низ цела Америка, со цел да се смират сите луѓе, но ситуацијата се влошува.

Според претседателот, демонстрантите се анархисти, а по тие зборови, протестите избувнаа уште повеќе низ цела Америка.

Негативна критика кон Трамп упати и американската пејачка Пинк, која му рече дека е кукавица и дека едвај чека да ги загуби изборите во ноември годинава.

Слични содржини