Сен Лоран ја лансира првата колекција на накит изработена од луксузно рециклирано злато

од desk4
268 прегледи

Колекцијата се состои од алки, ланчиња, привезоци и брошеви, а се карактеризира со препознатливи елементи на брендот.

 

Модната куќа Сен Лоран воодушевува со новостите, лансирајќи ја колекцијата на фин накит Saint Laurent Haute Joaillerie, која прв пат се забележува во овој бренд. Сен Лоран отсекогаш нудел модни додатоци, но ова е првата колекција која најдобро можеме да ја опишеме како фин накит, која вклучува прстени, обетки, привезоци и ѓердани од жолто и бело рециклирано злато (бидејќи одржливоста во накитот е многу важна) и дијаманти, а самиот дизајн е клучниот елементи на Сен Лоран – познатото лого на YSL и големите синџири на Maillon.

 

 

Посебно привлечни се алките со истакнати  јамки изработени од злато, обетки со геометриски форми, но и тенки ѓердани и долги обетки проткаени со флуидност.

 

Колекцијата ја потпишува креативниот директор Ентони Вакарело, а кампањата е на Јурген Телер. Брендот ги опишува овие модни детали како „функционални, колекционерски парчиња“, изработени да имаат безвременска вредност. Тие се особено наменети за љубителите на тивкиот луксуз и покрај нивните преголеми димензии.

Слични содржини