Сенатот на САД усвои помош од 36 милијарди долари за настраданите од ураганот

од Vladimir Zorba
77 прегледи

   Американскиот Сенат усвои пакет итна помош во вредност од 36,5 милијарди долари со цел, меѓу другото, да му се помогне и на Порторико, кој беше уништен од урагани.

За финансискиот пакет гласале 82 членови на Сенатот, а 17 биле против.

Сенатот ги проследи мерките до претседателот Доналд Трамп, кој се очекува да ги одобри.

Вклучувајќи го најновиот пакет помош, Конгресот досега издвои повеќе од 50 милијарди долари за загрозените во оваа сезона на урагани.