Сензационална нова дестинација: Лева заминува од Барса?

од Vladimir Zorba
377 прегледи

Роберт Левандовски конечно се врати во форма. Полјакот најпрво постигна два гола на мечот против Селта во Примера, а во Лигата на шампионите во првиот осминафинален натпревар, Барселона ремизираше 1:1 во Неапол, а Лева беше единствениот стрелец за шпанскиот тим. Тоа беше негов 18-ти гол сезонава.

Левандовски на лето би можел да го напушти клубот поради поголеми примања, но и поради многу лошата економска ситуација во која се наоѓа Барселона веќе неколку години.

„Доколку понудата е добра, мислам дека клубот може сериозно да размисли за негова продажба“, изјави новинарот Бернат Солер во интервју за полските медиуми.

„Масло на огнот“ долеа поранешниот фудбалер Тејлор Твелман. Тој посочи дека клуб од МЛС може да биде следната дестинација во неговата кариера.

„Мислам дека на лето, по Европското првенство и Копа Америка, ќе има најави за трансфер на големи имиња и ако ги објавам сега ќе мислат дека сум луд“, рече тој и продолжи: „Да претпоставиме дека Роберт Левандовски и Антоан Гризман ќе пристигнат во МЛС ова лето. Нема да одат во Интер Мајами“, изјави тој за „Дејли Меил“.

Јасно е дека платата на Лева од 26 милиони евра е голем товар за буџетот на Барселона и клубот најверојатно ќе се согласи да го продаде со добра понуда.

Слични содржини