Кошаркарите на Полска остварија сензационален пласман во полуфиналето на Евробаскетот, откако по пресврт со резултат 90:87 го совладаа актуелниот европски првак Словенија.
Во првата четвртина Полјаците одиграа брилијантно во нападот. Понитка и Соколовски брилјираа во првите десет минути и брилијантно го отворија натпреварот. Словенците држеа чекор, но одиграа доста слабо во одбраната и на крајот од првта четвртина им дозволија на Полјаците да постигнат 29 поени и да имаат три поени предност.
Во втората четвртина буквално се им се случи на Словенците. Ниту Дончиќ, ниту некој од неговите соиграчи не можеа да го погодат кошот на противникот, додека Полјаците ја одржуваа ефикасноста, па токму во втората четвртина направија голема предност и заминаа на одмор со резултат 58:39, а разликата во првото полувреме во еден момент беше и повеќе од 20 поени.
Дончиќ беше непрепознатлив во првите 20 минути. Тој шутираше лоши 3/9 од поле и имаше сао девет поени, четири скока и четири асистенции, додека единствен расположен Словенец беше Влатко Чанчар со 14 прекини. Полјаците, пак, ги имаа Понитка и Соколовски, кои имаа 16, односно 13 поени.
Второто полувреме Словенците го отворија со серија од 5:0. До средината на третата четвртина Словенија ја намали негативата на шест поени (54:60), а Полјаците беа тие кои влегоа во шутерска криза. Кон крајот на третата четвртина предноста на Полјаците целосно се стопи, а Словенија се врати во игра.
Последниот дел од играта Словенците го започнаа со само еден поен заостанување, а веќе по 2 минути во последната четвртина имаа предност од три поени. Полјаците во тој момент имаа очаен шут и цели девет минути не постигнаа ништо од игра.
Сепак, во последните пет минути Полјаците го задржаа чекорот со актуелните шампиони на Европа и со добра дефанзивна игра повторно го свртеа резултатот во своја полза. На три минути до крајот, Полска имаше 82:76, а Лука Дончиќ ја заработи петтата лична грешка. Полјаците со ладна глава го приведоа натпреварот до крај.
Најдобар играч на натпреварот беше Матеуш Понитка со 26 поени, 16 скока и 10 асистенции, а дури четворица Полјаци беа двоцифрени во поени, Слотер имаше 16, Соколовски 16, Жишковски 14 и Балцеровски 11. Кај Словенците Чанчар беше најдобар со 21 поен Драгиќ постигна 17, а Дончиќ имаше дабл-дабл со 14 поени и 11 скока.
Полска ќе игра во полуфиналето против Франција, која денес после едно продолжение ја елиминира репрезентацијата на Италија.