251
Уште на првиот ден бевме сведоци на сензација во машкиот сингл на „Вимблдон“.
Познато беше дека Стефанос Циципас нема да биде толку моќен на трева како што беше случајот со „Ролан Гарос“, но тој сепак се гледаше себеси како еден од тенисерите кој може да му ги расипе сметките на првиот фаворит – Новак Ѓоковиќ.
Она што сигурно не се очекуваше е дека младиот Грк (22) ќе биде елиминиран во првото коло, во три сета!
Третиот играч на АТП листата беше шокиран од Американецот Франсис Тиафо – 6: 4, 6: 4, 6: 3.
Тијафо (23) е 59. играч во светот и никогаш не го поминал третото коло на „Вимблдон“, иако важи за голем талент.