Шпанскиот тенисер Алехандро Давидович-Фокина го нокаутира Новак Ѓоковиќ во второто коло на Мастерсот во Монте Карло. Со неверојатна игра, 45-от тенисер на светот во три сета го скрши отпорот на Новак – 6:3, 6:7, 6:1.
Речиси три часа траеше големата борба на првиот и 45. тенисер во светот во Монте Карло. Фокина со својата неверојатна упорност успеа да го елиминира српскиот тенисер, а веќе во првиот сет му покажа на Новак дека нема да има лесна работа.
Двата рани брејка и водството од 4:1 навестија дека Ѓоковиќ, кој нема играно месец и половина, има голема работа пред него.
Новак успеа да врати еден брејк во првиот сет, но Фокина во последниот гем стави точка на првиот дел од играта.
Вториот сет беше фестивал на брејкови. Беа вкупно шест, од кои тројца Новак во низа, но српскиот тенисер успеа да го наплати тоа во тај-брејкот. Поведе Фокина со 2-0, Новак намали на 3-2, но Фокина го врати мини-брејкот за 4-2. Сепак, искуството беше на страната на Новак, тој со два мини-брејка до крајот успеа да го одведе дуелот во третиот сет.
Одлучувачкиот дел од играта целосно му припадна на Фокина. Ги искористи грешките и сервисот на Новак кои не му служеа и му дозволи на најдобриот играч на светот да освои само еден гем, користејќи ја втората меч топка на крајот.
Guess who's back 🃏@DjokerNole makes his long-awaited return to the tour in Monte-Carlo against Davidovich Fokina ->> https://t.co/hOHmv2wMlX pic.twitter.com/qVMryj1zpU
— Tennis TV (@TennisTV) April 12, 2022