Сензорна соба за 20 ученици во училиштето „11 Октомври“ во населба Пролет

од Vladimir Zorba
347 прегледи

Во пресрет на Денот на народното востание и патрониот празник учениците со образовни потешкотии во ООУ „11 Октомври“ добија нова и комплетно опремена сензорна соба која е донација од компанијата ВЕРО. Сензорната соба е опремена со сензорна светлечка маса, светленки листови и бројки, сензорни влакна, пректор со диск, базен со топчиња, лулашка, трамполина, светлечки ЛЁЕД ципли кои ќе ги подобрат совладувањето на наставните содржини. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера ја отвори сензорната соба и порача дека овие алатки им помагаат на децата со потешкотии во образованието полесно да го совладаат наставниот материјал.

„Вложувањето во инклузивното образование има огромен бенефит за вклучување на сите деца во образовниот систем. Сензорната соба која ќе им биде достапна на дечињата од ова училиште е уште еден чекор кон исполнувањето на нашата образовна цел, а тоа е нивна целосна инклузија во образованието. Предноста на оваа сензорна соба е тоа што можат да ја користат деца кои немаат вербална комуникација, но исто така може да се користи и во ситуации за намалување на вознемиреност, развојни потешкотии и сл. На компанијата ВЕРО искрено им се заблагодарувам за оваа донација која верувам дека ќе придонесе за полесно совладување на наставниот материјал, ќе донесе поголема мотивација децата да учат и да истражуваат, но и да го намалат стресот и да ја зголемат концентрацијата“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Сензорната соба е наменета за околу 20 ученици од основното училиште „Киро Глигоров” и истата ќе биде во функција додека се изведува воспитно-образовната настава. Во моментов во Општина Центар функционираат сензорните соби во ООУ Киро Глигоров, Гоце Делчев, Ј.Х. Песталоци, 11 Октомври, Кочо Рацин, и училиштето Кирил и Методиј. Покрај отворањето на сензорната соба во училиштето беше одбележана 68 годишнина од основањето на училиштето.

Слични содржини