74
Во Кристалната сала на Собранието денеска беше доделена државната награда „11 Октомври“ за животно дело на истакнати личности во науката, уметноста, стопанството и други области од јавен интерес.
Проф. д-р Марко Китевски, истражувач на македонскиот фолклор, ја доби наградата во категоријата наука, додека за култура и уметност признанија добија мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот актер и продуцент Јовица Михајловски.
Оваа престижна награда се доделува секоја година на 11 Октомври, кога се одбележува Денот на востанието на македонскиот народ.