Сепак не остана со кратки ракави Еве што доби вдовицата на Хју Хефнер

од desk3
Всушност, таа со него потпиша предбрачен договор со кој однапред и поклонил седум милиони долари вредна вила која и ја купи во 2013 година во износ од пет милиони долари пишува ТМЗ.
Вилата која Кристал ја наследи има четири спални соби, гардеробер, пет бањи, стол за покер, огромен базен. Хју ја купил за нешто помалку од пет милиони долари, но од тогаш вредноста и порасна. 
Сепак, таква недвижност доаѓа со високи месечни трошоцил па во август таа се изнајмуваше за 25 илјади долари месечно, а во септември огласот исчезна па веројатно во неа некој веќе живее.
Богатството на Хју Хафнер се проценува на 43 милиони долаи, а тоа не ја вклучува Плејбој вилата која во јули ја продаде за 100 милиони долари на својот сосед Дарен Метропоулос под услов во неа да остане да живее до својата смрт. Неговото богатство ќе го разделат неговите деца, а нешто ќе добијат и добротворните здруженија.

Слични содржини