Владата на денешната седница донесе одлука во понеделник, на 28 септември 2020 година да се врши исплата на пензии со висина до 11.000 денари, во вторник, на 29 септември 2020 година да се исплаќаат на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во среда, на 30 септември 2020 година да се врши исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари и во четврток, на 1 октомври 2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.
– Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за септември 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 септември 2020 година за да се обезбеди пензионерите со септемвриските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28 септември2020 година во четири групи, информираа од владината прес-служба.
Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита, за септември 2020 година, според која податоците за корисниците на парични права од социјална заштита до деловните банки најдоцна до 2 октомври 2020, по што деловните банки треба да обезбедат достапност на средствата за паричните права од социјална заштита за месец септември преку банкомати и во трговските мрежи од 5 октомври 2020 година.