Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон ја посети експедицијата на ПСЖ и сподели неколку совети пред вечерашниот реванш полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.
Парижаните вечерва гостуваат во Манчестер Сити и навистина имаат тешка задача. Тие ќе се обидат да ја надополнат предноста на „граѓаните“ од 2:1 од првиот дуел.
Поддршката за парижаните даде и легендарниот менаџер, кој денеска мина час и 20 минути во разговор со челниците на ПСЖ, на кои веројатно им споделил совети како да се елиминира Манчестер Сити.
„Манчестер Ивнинг Њуз“ го „улови“ Фергусон на дело, во просториите каде се сместени челниците на ПСЖ во хотелот „Лоури“ во центарот на градот.
Според британските медиуми, Фергусон дошол првенствено да се сретне со првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, со кого на крајот го напуштил хотелот.
Sir Alex Ferguson leaving the Lowry hotel with PSG president Nasser Al-Khelaifi today #mulive [men] pic.twitter.com/3o9pnaaVNE
— utdreport (@utdreport) May 4, 2021