Сер Алекс се враќа крај аут-линијата во март

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед – Сер Алекс Фергусон ќе се врати крај аут-линијата следниот месец. Тоа ќе го направи на прошталниот меч на Џузепе Роси во Фиренца во март.

Откако освои 13 титули во Премиер лигата, две ЛШ и многу други трофеи во неговите 26 години во Јунајтед, Фергусон се пензионираше во 2013 година.

Оттогаш, Шкотланѓанецот се врати на теренот, вклучително и за време на мечот поради јубилејот од освоениот „требл“ во 2019 година и поради Мајкл Керик во 2017 година. Сега 83-годишниот Фергусон ќе го направи уште еднаш.

„Тој (Фергусон) исто така ќе биде таму како менаџер. Тој беше мојот прв менаџер кога дојдов во Јунајтед како 17-годишен. Поминав само три години со него и не играв многу, но тој веднаш се согласи и тоа покажува каков човек е тој. Немам постигнато многу во Јунајтед, но тој ме третира како Роналдо, кој постигна 1.000 голови, кажа Роси, пренесе „Мирор“.

Слични содржини