Сер Алекс со нова улога во Јунајтед

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон се врати во клубот од „Олд Трафорд“ и ќе има советодавна улога, објавија неколку британски медиуми.

По девет години Фергусон се враќа во клубот каде што се прослави на покана на извршниот директор на „црвените ѓаволи“ Ричард Арнолд.

Оперативецот на Манчестер Јунајтед формираше тело во кое ги покани познатиот шеф на клубот Дејвид Гил, поранешниот капитен Брајан Робсон и актуелниот директор на фудбалот Џон Муртау.

Сите ќе имаат советодавна улога, а како што пренесуваат англиските медиуми, Фергусон ќе има најголемо влијание врз работата на клубот од 2013 година кога се пензионираше и ја заврши тренерската кариера на „Олд Трафорд“.

Фергусон ќе даде совети за сите аспекти од работата на клубот, кој го водеше до 38 трофеи, вклучувајќи 13 трофеи во Премиер лигата и две Лига на шампиони.

Слични содржини