Познатиот британски актер Сер Иан Мекелен, познат по улогата на волшебникот Гандалф во филмската трилогија „Господарот на прстените“, беше меѓу првиот бран луѓе што примија вакцина против коронавирусот на Фајзер во Велика Британија.
По вакцинацијата, 81-годишниот актер рече: „Се чувствувам многу среќен што ја примив вакцината. Би ја препорачал на секого без двоумење“.
Во следните интервјуа по добивањето на првата од двете дози, Меккелен се обиде да ја намали загриженоста на јавноста за вакцините.
„Секој што живеел колку што живеам јас е жив затоа што претходно се вакцинирал. Јас би ги охрабрил сите да направат разумна работа, не само за себе, туку и за сите други затоа што ако немаш вирус, тоа им помага на сите други, нели?“, рече актерот за „Ролинг Стоун“.
Мекелен исто така ја пофали Националната здравствена служба.
I feel very lucky to have had the vaccine. I would have no hesitation in recommending it to anyone. https://t.co/gBLRR0OeJc
— Ian McKellen (@IanMcKellen) December 17, 2020
„Тоа е вистински бонус на сето ова, да гледате и да видите што функционира во оваа земја и што не работи и ми се чини дека NHS е на врвот на листата за институции што работат. Се разбира, знам дека не би бил жив ако не беше NHS. Јас сум малку постар од NHS, но кога бев дете, имав на располагање добар медицински третман кога ми требаше“, рече Мекелен.