Серена: Немам што да докажувам, немам што да добијам, едноставно затоа што немам што да изгубам

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Серена Вилијамс продолжува да испишува историја, победувајќи ја светската тенисерка број 2, Анет Контавеит од Естонија со 7:6 (4), 2:6, 6:2 во последниот настап на тениски турнир – на УС Опен.

Вилијамс (40) играше како тинејџерка во решавачкиот трет сет, инспирирана од преполните трибини на теренот Артур Еш.

„Сè уште сум многу добар играч. Тоа е она што најдобро го правам. Сакам предизвици. Да, немам одиграно многу натпревари, но не сум престанала да тренирам”, изјави среќната Серена.

„Искрено, на ова учество гледам како бонус. Немам што да докажувам, немам што да добијам, едноставно затоа што немам што да изгубам“, додаде таа.

Таа во петок повторно ќе игра во двојки со својата сестра Венус.

„Помина толку долго, ќе се сретнеме повторно. Возбудена сум, мечот ќе го искористам и како тренинг“, најави Серена Вилијамс.

Слични содржини