201
Американската тенисерка Серена Вилијамс го навести своето неизбежно пензионирање.
Легендарната спортистка во септември ќе наполни 41 година, а во понеделник на стартот на турнирот во Торонто ја постигна првата победа по 14 месеци.
„Мислам дека веќе има светлина на крајот од тунелот. Се доближувам до светлината, па… едвај чекам да стигнам до тоа светло“, изјави Вилијамс по дуелот со Нурија Парисас Диас (6:3, 6:4).
Таа објасни и што мисли кога вели – светло.
„Слобода. Сакам да играм, едноставно е неверојатно. Но, знаете, не можам да го правам ова засекогаш“, вели Серена, која во второто коло се очекува да се соочи со победникот од мечот Бенчиќ-Мартинцова.
Американката освои 23 гренд слем титули, а моментално е на 407. место на ВТА листата.