Серена Вилијамс: Роџер, добредојде во клубот за пензионери

од Stefanija Kuzmanovska
233 прегледи

Поранешната американска тенисерка Серена Вилијамс му посака добредојде на својот колега Роџер Федерер во клубот на тениските пензионери.

Швајцарецот најави дека се пензионира по Лејвер купот, кој е закажан за 23-25 ​​септември во Лондон.

„Го барав вистинскиот начин да го кажам ова. Се збогуваше на совршен начин, каква што беше и твојата кариера. Секогаш се огледував на тебе и ти се восхитував. Нашиот пат беше сличен, речиси идентичен. Ти инспирираше милиони и милиони луѓе и тоа никогаш нема да го заборавиме. Ти аплаудирам и едвај чекам да поддржам се што ќе правиш во иднина. Добредојдовте во клубот за пензионери. И ти благодарам што беше ти“, напиша Серена Вилијамс на Инстаграм.

Американката неодамна ја заврши кариерата со пораз во третото коло на УС Опен од Ајла Томљановиќ (7:5, 6:7, 6:1).

Роџер Федерер Федерер во кариерата освои 103 титули, вклучувајќи 20 Грен слем трофеи.

Серена Вилијамс има 23 Грен слем титули и вкупно 73 трофеи.

Слични содржини