347
Американската тенисерка Серена Вилијамс во средата објави дека се откажува од својот настап на Гренс слем турнирот во САД, кој започнува следната недела, поради повреда на препоните што не е излекувана целосно.
„По внимателно разгледување и слушање на советите на лекарите и медицинскиот тим, решив да се повлечам од Отвореното првенство на САД за да му овозможам на телото целосно да се опорави од повредата на препоните “, објави 39-годишната Вилијамс на Инстаграм.
Американската тенисерка, освојувачка на 23 Гренд слем титули, мораше да го предаде натпреварот од првото коло на Вимблдон на Белорусинката Алијаксандра Саснович.