Сите љубители на тенисот се надеваа дека последниот танц на големата Серена Вилијамс ќе трае подолго, но на патот и се испречи Ајла Томљановиќ која ја совлада Американката во 3. коло на УС Опен со 7:5, 6:7(4), 6:1, со што стави крај на богатата кариера.
Австралијката направи подвиг, но и покрај тоа е во втор план во оваа приказна, бидејќи сите светла на сцената се насочени кон една од најдобрите, ако не и најдобрата тенисерка во историјата на „белиот спорт“.
Тешко е да се наброи што има направено Серена во кариерата. Додека играше тенис, таа освои 23 гренд слем титули – Австралија опен (7 титули), Ролан Гарос (3), Вимблдон (7), УС Опен (6).
What a week. What an evening.
Thank you, #Serena. pic.twitter.com/KJ1zDkQGUs
— US Open Tennis (@usopen) September 3, 2022
Нема сомнеж дека Американката беше инспирација за многумина да се решат да играат професионален тенис. Оваа 40-годишна дама од Мичиген се прости од активното играње во својата земја, пред полни трибини на стадионот „Артур Еш“. Публиката ја повлече, многумина замислуваа дека последниот танц ќе трае што подолго, но и вака не е лошо. Беше задоволство да се гледа како Серена трча на терените од бетон, земјена подлога и трева.
Покрај споменатите Гренд слем титули, таа 14 пати победи на најголемите турнири во конкуренција на двојки, двапати до трофејот стигна во мешана конкуренција, има четири олимписки златни медали, а беше прва во светот и во сингл и во двојки. Со репрезентацијата на САД го освои Фед купот во 1999 година, а вкупно освои 73 трофеи.
Greatest of all time. Thank you. ♥️ pic.twitter.com/hXgiKM4exN
— USTA (@usta) September 3, 2022
Што се однесува до мечот со Ајла Томљановиќ, и покрај тоа што го загуби првиот сет, Вилијамс успеа да се врати, но таа немаше сили да направи голем потег, иако публиката се надеваше дека тоа ќе се случи.
Серена ја бодреше и нејзината постара сестра Венера.
-Не би била Серена да не беше Венус, затоа, благодарам Венус. Таа е единствената причина поради која постои Серена Вилијамс. Ова беше забавно возење. Најневеројатното возење и патување во мојот живот. Благодарна сум на сите што барем еднаш во животот рекоа „напред, Серена“. Благодарна сум, затоа што ме доведовте до тука – низ солзи изјави по мечот една од најголемите играчки во историјата на оваа игра.
Што се однесува до Австралијката, таа во осминафиналето на УС Опен ќе игра против Русинката Људмила Самсонова.