Серена загуби, па во солзи се прости од Торонто

од Vladimir Zorba
221 прегледи

Серена Вилијамс на турнирот во Торонто го одигра последниот меч во кариерата, бидејќи во второто коло беше поразена од Белинда Бенчиќ со 2:0 – по сетови 6:2, 6:4.

Американката со текст во новото издание на „Vogue“ најави повлекување од играчката кариера по овогодинешниот УС Опен, а ова беше прв меч на 40-годишната тениска легенда откако приказната излезе во јавноста.

„Отсекогаш сум сакала да играм овде. Жал ми е што не играв подобро, но Белинда одигра навистина добро. Беа интересни 24 часа, со многу емоции”, изјави Вилијамс веднаш по натпреварот.

Следната станица на нејзината проштална турнеја е Синсинати, а сè ќе кулминира со настапот на нејзиниот последен УС Опен, турнирот на кој во 1999 година, како 17-годишна ѕвезда во подем, ја освои првата од 23-те Гренд слем титули.

„Како што напишав во текстот, јас сум лоша во збогувањата. Но, збогум Торонто”, низ солзи изјави Вилијамс.

Слични содржини