Сергеј Трифуновиќ открива: Сум правел сè и сешто поради улоги

од Stefanija Kuzmanovska
388 прегледи

Не ме интересираат политизирани филмови. Никогаш не би играл во филм на Анџелина Џоли. Во принцип, одбив повеќе улоги отколку што одиграв”, изјави актерот Сергеј Трифуновиќ.

Од 1985 година, кога ја доби својата прва улога на големото платно во филмот на Горан Паскаљевиќ „Туѓа Америка“, се отвори голема врата за Сергеј Трифуновиќ во светот на актерството. За време на 35 години од неговата актерска кариера, тој играше бројни улоги, од кои секоја ја играше на посебен и достоинствен начин.

Меѓутоа, имаше и такви што ги одбил, без размислување. Трифуновиќ за „Нова.рс“ раскажал што се морал да прави за успешно да ја заврши задачата што му била доверена. Дури и ако приватно не сочувствувал со ликот што го добил, на крајот сепак маестрално го одиграл. Од друга страна, актерот посочува дека одбил повеќе улоги отколку што играл.

„Сум правел сè и сешто поради улоги. На пример, вежбав пукање, фрлање ножеви, мечување, јавав коњ… Дури и пукаа кон мене. Правев се што вообичаено прават сите актери за да ги подготват своите проекти“, рече Сергеј за Нова.рс и откри за што никогаш не се согласувал во работата.

„Не се согласив да играм во момент на еден проект кога тој беше чувствителен, бидејќи тоа беше после бомбардирањето. Требаше да играм Албанец во американски филм, па успеав да го преименувам тој Албанец во Србин. Покрај тоа, одбив филм за Сребреница, едноставно не сакав да играм. Не ме интересираат политизирани филмови. Никогаш не би играл во филм на Анџелина Џоли. Во принцип, имам одбиено повеќе улоги отколку што сум одиграл“, рече Трифуновиќ.

Слични содржини