Сергеј Трифуновиќ тајно се ожени со 24 години помладата избраничка

од Vladimir Zorba
8,6K прегледи

Актерот Сергеј Трифуновиќ и неговата 24 години помлада избраничка Исидора Мијановиќ денеска се венчаа во тајност.

Како што пишуваат српските медиуми, тие направиле црковна венчавка и организирале ручек за семејството. Во септември планираат да организираат голема прослава.

Тој никогаш претходно не објавил со кого е во врска, па неговите следбеници се изненадија кога овој март на социјалните мрежи објави дека се верил со Исидора. Во описот на заедничката фотографија напиша: „Ви го посакувам истото“.

„Договорот е да не се рекламираме за медиумите. Тој тоа го бараше, но секако, секогаш ќе ве почитувам. Што да ви кажам. Пресреќен сум, двајцата сме пресреќни. Многу ми е убаво, уживаме“, изјави претходно Исидора.

Минатиот месец таа сподели фотографија од детски чевли кои нејзините следбеници ја протолкуваа како порака дека е бремена. Тие се уште не ги коментирале овие шпекулации.

Слични содржини