245
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос стана татко по трет пат, откако вчера неговата партнерка Пилар Рубио го роди малиот Алехандро.
Среќниот татко сам ја сподели добрата вест во својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
„Со голема емоција и радост ви го презентираме Алехандро Рамос Рубио, роден во 18:24, тежи 3,1 кг. Како што гледате, малиот и неговата мајка се чувствуваат одлично. Ви благодариме на сите кои ја делат среќата со нас. Те сакам, Пилар Рубио“, напиша Серхио.
Ова е третото момче на двојката, која веќе има два сина – Серхио и Марко.