Серија експлозии утрово одекнаа во главниот град на Украина, Киев, според очевидци на „Ројтерс“ во тој град, а регионалните власти во северна, источна и централна Украина пријавиле и ракетни напади.
Очевидци јавуваат дека чад се издига над Киев по десетина експлозии.
Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, изјави дека градот бил погоден од две ракети насочени кон „критична инфраструктурна установа“.