СЕРИЈА ЕКСПЛОЗИИ ВО КИЕВ: Воздушна опасност низ Украина, има починати

од Nikola Popovski
124 прегледи

Во Киев е прогласена воздушна тревога и се слушнале серија експлозии, јавуваат украинските медиуми.

Додаваат дека едно лице загинало во напад со дрон. Противвоздушните сили на Украина дејствуваат за пресретнување на проектили и беспилотни летала.

Воздушната тревога во овој и во другите региони се уште е во тек, објави украинскиот јавен сервис „TSN“. Како резултат на нападот во киевската област, едно лице загинало, а четворица се повредени, соопшти в.д шефот на киевската „OVA“, Никола Калашник.

Според него, загинал возач на камион. Во друга област, урнатините од соборен дрон паднале врз куќа, при што бил запален покривот. Во друга населба во болница е пренесена жена поради повреди.

Слични содржини