Серија воени вежби на НАТО низ Европа, вклучително и во С.Македонија

од Vladimir Zorba
267 прегледи

Десетици илјади војници од членките на НАТО и другите северноатлантски земји ќе учествуваат во неколку воени вежби низ Европа во наредните недели со цел да ја одвратат Русија од можен напад.

Вежбите со употреба на авиони, тенкови, артилерија и оклопни јуришни возила ќе се одржат во Финска, Полска, Северна Македонија и долж естонско-латвиската граница, објави АП.

Во вежбите ќе учествуваат трупите на НАТО, како и Здружените експедициски сили, во кои се вклучени Финска и Шведска, две земји кои се блиску до приклучување кон алијансата по рускиот напад на Украина.

Распоредувањето ќе започне оваа недела во Финска, каде војниците од САД, Велика Британија, Естонија и Летонија ќе учествуваат во вежбата „Стрела“ за да ја подобрат нивната способност да работат заедно со финските сили.

Оваа недела во Северна Македонија ќе се одржи вежбата „Брз одговор“ на која ќе учествуваат околу 4.500 војници од САД, Велика Британија, Албанија, Франција и Италија.

Во мај, 18.000 војници на НАТО, вклучително и сили од Велика Британија, Франција и Данска, ќе учествуваат во вежбата „Еже“ долж естонско-латвиската граница.

На крајот на мај околу 1.000 британски војници ќе им се придружат на силите на уште 11 земји во вежбата „Бранител“ во Полска.

Слични содржини