Серијата која со молскавична брзина го запали светот станува реално шоу со 456 учесници и награда од 4,56 милиони!
Кога јужнокорејската серија Squid game пристигна на Нетфликс, публиката од повеќе од 90 земји со нетрпение ја чекаше следната епизода секоја недела.
Гледачите беа воодушевени од трилерот во кој играчите се натпреваруваат меѓу себе и се борат до смрт за да освојат голема парична награда што дури и префрлија дел од предизвиците од серијата во реалниот живот.
Социјалните мрежи се полни со предизвици, а сега Нетфликс одлучи да оживее дел од нив во реалното шоу „Squid game“.
На официјалниот YouTube канал на платформата е објавен трејлер од кој дознаваме дека „борбата за живот и смрт“ е веќе закажана и дека наградниот фонд ќе изнесува 4,5 милиони долари.