СЕРИОЗНА АНКЕТА: Најголеми закани за човештвото се ИД и климатските промени

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Исламската држава (ИД) и климатските промени се најсериозните глобални закани со кои се соочува човештвото. Ова е резултат на анкетата PewGlobal.org спроведена во 38 држави.

Џихадистите на ИД се сметаат за светски број еден непријател за анкетираните во 18 држави, вклучувајќи ги и во САД, Германија, Франција и Австралија.

Климатските промени се најголема закана во 13 земји, меѓу кои и Канада, Јужна Африка и голем број земји од Латинска Америка.

Меѓутоа, процентот е на двете закани речиси скоро е еквивалентен – околу 62% од испитаниците укажуваат дека ИД е најопасен проблем додека за глобално затоплување се изјасниле – 61%.

Други закани ги вклучуваат сајбер нападите (51%), глобални економски шокови (51%) и бегалска криза (39%). Околу една третина од испитаниците се загрижени за силата и влијанието на САД, а приближно за истото учество се размислува за Русија и Кина.

Според податоците од истражувањето, постарите луѓе се повеќе се плашат од ИД.

Како и Европејците.

Луѓе со пониско образование – од бегалци.

Истражувањето опфати речиси 42.000 луѓе.