Сериозно штедење струја со греење на разумна температура до 22 степени, апелира Ковачевски

од Nikola Popovski
153 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски побара од сите засегнати во државата да се однесуваат одговорно и рационално во овие тешки времиња на економска и енергетска криза.

Ковачевски истакнува дека малите промени во нашите секојдневни навики, на долг рок прават значителна разлика во заштедите на сметките за струја.

-Скоро половина од потрошувачката за електрична енергија во домот се троши за греење или ладење. Сериозно штедиме струја со греење на разумна температура до 22 степени целзиусови. Со греење на инвертер клима уред, наместо на греалка или панел може да се заштеди и до 75% електрична енергија. Со штедењето енергија ги зачувуваме природните ресурси и вложуваме во поздрава животна средина. Штедиме заедно денес, за да имаме утре!, стои во објавата на премиерот на социјалните мрежи и апелот како да заштедиме.