„Сериозно сме погодени од ковид- кризата“: Сексуалните работници бараат да бидат вклучени во владините мерки

од Берта Китинска
395 прегледи

Сексуалните работници како особено ранлива попоулација во време на пандемијата на коронавирусот, бараат вклучување во владините социо-економски мерки за заштита, се вели во соопштението од здружението СТАР, прв колектив на сексуални работници на Балканот.

„Сакаме да потенцираме дека сме сериозно погодени од кризата предизвикана од Ковид-19, од здравствен, економски и социјален аспект. Кризата не втурна во сиромаштија и во сериозни ризици по нашето здравје, додека не добиваме никаква поддршка од институциите со цел да се намалат негативните последици од кризата по нашата благосостојба“, пишува во соопштението.

Тие бараат пристап до соодветни заштитни здравствени услуги со цел превенција на ширење на вирусот, подеднакво уживање на работничките права, полесен пристап до социјална помош, како и надминување на стигмата, неправдата и дискриминацијата која е присутна кон нашата заедница од повеќе аспекти. Барањето доаѓа во пресрет на одбележувањето на 17 декември – меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.

Слични содржини