Сертификати на Европската унија за сите вакцини и за граѓани на трети земји

од Stefanija Kuzmanovska
374 прегледи

Дигиталните зелени сертификати, кои треба да станат оперативни во Европската унија до почетокот на летото, ќе бидат издадени за сите вакцини против Ковид-19, а исто така ќе можат да ги имаат и граѓаните на трети земји, беше објавено денеска од Брисел.

Европскиот комесар за правосудство Дидије Рејндерс, во дебатата пред Комитетот за слободи и правда на Европскиот парламент, вели дека главната цел на дигиталните зелени сертификати е да го олеснат слободното движење во ЕУ и да им помогнат на граѓаните да го вратат своето право на слободно патување на начин кој е прилагоден на здравствената ситуација.

„Европската комисија предложи дигиталните зелени сертификати да се прошират и на државјани на трети земји кои живеат или легално патуваат во Европската унија. Со текот на времето, европските зелени сертификати треба да станат интероперабилни со меѓународните стандарди. Во среден рок, треба да се изврши усогласување. Систем, така што сертификатите издадени од трети земји автоматски се прифаќаат во ЕУ“, рече Рејндерс.

Тој во Европскиот парламент рече дека сите граѓани на ЕУ ќе добијат ист третман кога ќе бидат укинати ограничувањата за патување и дека ќе се издадат потврди за сите вакцини, без оглед дали се одобрени од ЕМА или не.

Се наведува дека сертификатите ќе се издаваат бесплатно, дека планот е да стапат на сила до почетокот на летото и дека тие ќе бидат суспендирани кога СЗО ќе означи крај на пандемијата.

Слични содржини