353
Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски и портпаролот Злате Мехмедовиќ денеска на прес конференција посочија дека има одлука за укинување на задолжителното поседување на сертификати за вакцинација при влез во моловите, додека пак за во угостителски објект каде ќе треба да се спушти заштитната маска, оваа мерка останува.
„Да се препорача укинување на задолжителните сертификати за во молови, односно онаму каде е задолжително носење на маски. Ова е олеснување на рестриктивните мерки. Ќе бидеме внимателни“, рече Петличковски.