Серум за лице против брчки

од Vladimir Zorba

Како се грижите за кожата на лицето? Дали во секојдневните ритуали за убавина имате производ кој ја потхранува кожата во длабочина и го забавува процесот на стареење? Во следните редови ќе видите неколку вредни за кожата масла и тоа како да ги комбинирате за да создадете совршен серум против брчки.
Масло од шипинка
Маслото од шипинка е богато со масни киселини, витамини Е, Ц и Б-каротин. Антиоксидантите во него штитат од штетното дејство на слободните радикали, токсините и животната средина, а истовремено ја стимулираат синтезата на колаген и ја намалуваат појавата на брчки . Нанесено врз кожата маслото од шипинка ги ублажува црвенилото и иритацијата.

Масло од темјан
Ова етерично масло се користи како терапевтско средство со векови. Има адстрингентно дејство, ги штити клетките на кожата, ги намалува знаците на стареење и помага за подобрување на изгледот на кожата. Благодарение на него може да се намали и ризикот од појава на темни дамки.

Масло од хелихризум
Едно малку познато масло, но тоа има силни лековити својства. Маслото од хелихризум го намалува воспалението и ја стимулира регенерацијата на ткивата. Силните антибактериски својства го намалуваат ризикот од појава на несакани пупки.

Масло од смирна
Уште едно одлично миризливо масло кое има силен негувачки ефект на кожата. Смирната содржи моќни антиоксиданси и има антифунгални својства , што го прави одлично за нанесување на лицето.

Масло од здравец
Древните Египќани често го користеле маслото од здравец за различни цели, вклучувајќи и убавина. Маслото го намалува воспалението и помага да се задржи влагата во кожата за подолго време.

Колкаво количество ќе ви биде потребно за правење на серумот?
2 лажици масло од шипинка
10 капки масло од темјан
5 капки масло од хелихризум
5 капки масло од смирна
5 капки масло од здравец

Измешајте ги сите масла во чаша. Префрлете во стаклено шишенце со капа или распрскувач. Чувајте ги маслата на темно, суво и ладно место. Нанесувајте од серумот на кожата наутро и / или навечер. Потребни ви се не повеќе од 5-6 капки, за да ја потхраните кожата.

Слични содржини